После подолго време не (по)пишување на блогерај, решив да го постирам ова, иако имам и други постови што ми се вртат низ глава.
Синоќа пред да си легнам си велам дај да видам што пишуваат интернет изданијата на нашите весници, кога таму вест за исфрлање на новинар од Европарламетот затоа што и чепна во медот на Европарламентарците од јуни 2008, кои исто како и нашите парламентарци си земаат дневници само со потпис, без присуство на седници, “Вечер” по стариот добар комунистичко-болшевистики стил веста ја пренесува како да се случила во петокот 30.09.2011!?!, демек после “јуначкиот” испад на триото МБМ (Миленко, Бобан, Мирка) Е сега, не дека Вечер е релаевантен весник во Македонија, напротив, во суштина е билтен на Социјалистичката мадиња на Ѕинго и Д(Р)ПМНЕ, ама морав ова да го напишам, сооглед дека педерите од Вечер на сакаа да го објават мојот коментар, кој гласеше, “ова е стара вест од пред неколку месеци (барем јас тогаш ја дознав)” и нормално и тоа и визуелно го пренесе во неделата Јутел, пардон, Шутел, пардон, Сител.
Не сакам да ве давам во врска со лустрацијата, дали е потребна, кога, како што и што е најважно, КОЈ?. Повеќе од доволна е секојдневната тортура што ја вршат нашите медиуми, “нормално”, контролирани од одредени центри, меѓутоа навистина не ја очекував Шпанската инквизиција.
Затоа, погледнете ги клипчињата и пазете се од лустрацијата, пардон, The Spanish Inquisition.
а вака ќе изгледа судењето на судијата на врховниот суд Т. Ивановски
и на крај следува “ѕверското мачење”, за да се дознае вистината кое никој неможе да го издржи
Значи навистина овие што се на власт се цареви (доколку го знаете вицот за зајакот и лавот).
Имено, Градската власт само за минатата 2009 г., се откажала од профит од 3,7 милиони евра, кои можела да ги добие како комуналии, се со цел да му се удоволи на “нашиот Нерон” Груевски, да гради низ градот, а се задолжува со кредит од 3,5 милиони евра, без пресметана камата, за да ја прошири Илинденска?!? Што значи дека Градот Скопје само по овој основ е во була 7 милиони евра!!! А каде се другите основи по кои Градот Скопје секојдневно се задолжува и откажува???
Мора да почнеме да размислуваме, за носење закон со кој ќе се регулира одговорноста на сите јавни функционери кои нас непотребно не задолжуваат!!!
Во претходниот пост, под многу силни емоции и бес, пишував за непристојниот предлог на СДСМ за зголемување на бројот на пратениците. Тогаш ја дадов само економската анализа за тоа што ќе значи зголемувањето на бројот на пратеници на 133, наместо намалување на 90, кое мора да се случи. Сакав во меѓувреме да напишам и за политичките импликации од предлогот, меѓутоа поради тоа што немав многу слободно време, не го направив тоа досега. Меѓутоа, тоа останува за понатаму.
Затоа пак читам денес во Утрински весник, дека сепак некој го прочитал мојот пост, и го дал мојот предлог за намалување на пратениците во Собранието. Имено ЛДП, преку пратеничката Роза Топузова Каревска дала предлог за намалување на бројот на пратениците. Тоа според натписот во весниците поминало назабележано, а и медиумите не му обрнаа големо внимание.
Меѓутоа, добро е што колку толку, работата тргна во насока на намалување на бројот на пратениците. Сега ЛДП треба малку поупорно да го промовираат предлогот и да поднесат предлог за менување на Законот за избор на пратеници. Тие го имаат клучот за решавање на овој проблем.
Навистина овие од СДСМ можеме слободно да ги наречеме идиоти на денот.
Денес предлагаат, всушност тоа е поддршка на предлогот на ДПМНЕ, и чисто од манипилативни и теснопартиски интереси, зголемување на бројот на пратеници, со што новиот парламент би броел 133 пратеника, а демек би дошло до “поголема демократизација на општеството и поголема репрезентативност на етничките заедници и избегнување на манипулацијата од страна на поголемите политички партии” … како не бе! (м.з. MY ASS) што токму зголемувањето на бројот на пратеници ќе го намалело манипулирањето на гласовите и на малите етнички заедници. Напротив, токму зголемувањето на бројот на пратеници и одредувањето на квоти за иселениците и помалите етнички заедници, ќе ги зголеми манипулациите, со тоа што ќе се формираат фантомски партии на заедниците, а како под партии на СДСМ и ДПМНЕ, па и ДУИ, со предлагање на кандидати од Македонија, а кои треба да глумат претставници на дијаспората, токму тоа сега и се случува на Хрватска.
Тука ако го додадеме и НЕГАТИВНИОТ економски ефект од зголемувањето на пратениците, ќе се сложи мозаикот на пријателство меѓу СДСМ и ДПМНЕ. Имено, наместо да дојде до НАМАЛУВАЊЕ на бројот на пратениците од 120 на 90, со што на годишно ниво би не ослободиле нас граѓаните, мене, вас, од давачки кон, само по основ на плата за пратениците, за минимум 22.320.000 денари, без разните бенифиции кои ги уживаат пратениците, како додатоци за присуство на комисии, разни паушали, дневници, кои ако ги додадеме, тогаш сумата се дуплира на 44.640.000 денари, идиотчињата предлагаат зголемување на бројот на пратеници, а со тоа и зголемување на давачките на граѓаните, мене, вас, нас, за минимум 9.672.000 денари, а ако на оваа сума ги додадеме разните бенифиции, тогаш годишно ќе треба дополнително да плаќаме 19.344.000 денари. А сигурно оваа сума нема да биде максималната, сигурно ќе измислат некој додаток, можеби за низок степен на интелигенција, којзнае!!!
Со овој предлог дефинитивно паднаа маските на СДСМ, и повеќе немаат право да го обвинуваат само ДПМНЕ за непродуктивно трошење наши пари во време на економска криза, која сеуште е на својот почеток, немање на пари, потребата за штедење, намалување на државниот буџет, намалување на давачките кон државата, туку напротив, ќе треба и себеси да се додадат во истиот кош со ДПМНЕ. За мене, а се надевам и за вас, повеќе не постои разлика меѓу ДПМНЕ и СДСМ, се работи за иста багра, во прашање се само нијанси, црвена, сина, портокалова, само вие кажете.
Ако ДПМНЕ со својата лоша и ограбувачка економска политика ја уништува економијата во Македонија, СДСМ дефинитивно ќе ја дотолчи. Ова можеше да се претпостави уште кога пред некој месец го поддржаа законот со кој на Јавните Претпријатија им се прости или одложи долгот спрема доверителите и со тоа го поттикнаа понатамошното непродуктивно трошење и максимално исцедување на секој денар од нас, граѓаните.
Лут сум ко рис, ми иде да ….. затоа неможам да се воздржам да не ги навредувам.
А да, колку за потсетување и едноставна компарација, во Словенија, која има приближно ист број на население како Македонија, ама е за 10 пати побогата од нас, нивниот Парламент има 90 пратеника!!!
И што сакаат сега да ни докажат нашиве идиотчиња, дека ние сме побогати, дека имаме појака економија од Словенија.
Или пак, нашиве мислат дека се попаметни, па ќе го зголемуваат бројот на пратеници на 133, иако половина од сегашниот парламентарен состав, а и од претходните парламентарни состави, не бекнале ни збор за време на нивните мандати, додека мнозинството од другата половина, само читаат говори напишани од нивните партиски врхушки, па и тоа што го читаат незнаат да го прочитаат како што треба, а не дај боже да го објаснат тоа што го прочитале, се неписмен до неписмен.
последни коментари